На рацете имаш крв на Палестинците

Нетанјаху е премиер на една расистичка држава

971917
На рацете имаш крв на Палестинците

По неоснованите твитови на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кои ги сподели преку социјалната мрежа, претседателот Реџеп Тајип Ердоган одговори со следните зборови „На рацете имаш крв на Палестинците“.

Во изјавата преку твитер, претседателот Ердоган рече дека Нетанјаху е премиер на држава која ги окупирала териториите на една беспомошна земја која е без одбрана.

Пораката преку твитер на претседателот Ердоган на англиски во знак на одговор на пораката на Нетанјаху кој го обвини „дека знаел добро да убива“ гласи:

„Нетанјаху е премиер на една расистичка држава која над 60 години прекршувајќи ги резолуциите на ОН ги држи под окупација териториите на една беспомошна земја која е без одбрана. На рацете на Нетанјаху има крв на Палестинците и тоа не може да го сокрие со напаѓање на Турција. Ако сакаш поука во врска со човештвото, тогаш прочитај ги 10-те наредби“.



Слични вести