Премиерот Јилдирим: Силно го осудуваме масакрот на Палестинците во Газа

Премиерот Бинали Јилдирим за загинувањето на голем број Палестинци на протестите поради преселувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим рече дека тоа е вистински масакр

971010
Премиерот Јилдирим: Силно го осудуваме масакрот на Палестинците во Газа

Премиерот Бинали Јилдирим за загинувањето на голем број Палестинци на протестите поради преселувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим рече:

„Ова е вистински масакр и ние жестоко го осудуваме.“

Премиерот Јилдирим во продолжение додаде:

САД слави заедно со Израел по повод преселувањето на американсата амбасада од Тел Авив во Ерусалем. Тие се забавуваат, а во исто време илјадници млади невооружени Палестинци протестираат за да ја спасат татковината. Израел без да трепне ги обива. Има околу две илјади ранети. Ова е вистински масакр и ние жестоко го осудуваме.

Истакнувајќи дека преселувањето на амбасадата претставува вистинска провокација,премиерот Јилдирим додаде: За жал САД застана покрај израелсите власти и на тој начин стана соучесник во овој масакр на цивили.Но Турција го осудува Израел. Тоа на сите треба да им е јасно. Турција ќе застане во одбрана на правата за слобода на палестинските браќа се додека не дојде тој ден.




 



Слични вести