Ерусалим е тестот на совеста и моралот на сите муслимани

Претседателот на Управата за верски прашања на Турција (Дијанет) Али Ербаш изјави дека Ерусалим се соочи со вистинска варварска окупација

971125
Ерусалим е тестот на совеста и моралот на сите муслимани

Претседателот на Управата за верски прашања на Турција (Дијанет) Али Ербаш изјави дека Ерусалим денеска се соочи со, како што рече, вистинска варварска окупација.

„Ставот кој потполно ја игнорира хуманоста, совеста, моралот и меѓународното право денеска во Ерусалим го изложи вистинско дивеење", рече Ербас.Тој истакна и дека десетици невини луѓе пред очите на целиот свет се измасакрирани на крајно дивеечки начин.

Ербаш додаде и дека ниту еден, како што рече, насилник нема да може да ја спречи слободната иднина на Палестина, Газа и Ал-Акса.

„Сите насилници биле жртви на огнот кој сами го запалиле и знаеме дека историјата до сега сведочела на уништување на многу насилници и силеџии. Денеска оние кои само говорат за мирот, сигурноста и надежта во Ерусалим се осудени да се гушат во хаосот кој сами го предизвикале", рече Ерабаш.

На крајот порача дека Ерусалим е тест на совеста, правото и моралот на сите муслимани, но и на целото човештво.

 



Слични вести