Повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран ќе предизвика тешкотии во регионот

Продолжува натпреварот за наоружување меѓу земјите во регионот кој процес се управува од САД

969991
Повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран ќе предизвика тешкотии во регионот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран ќе предизвика тежок процес во регионот.

Во интервјуто за програмата „Hard Talk“ на британскиот ТВ-канал БиБиСи, претседателот Ердоган потсети дека договорот од 2015 меѓу Иран и земјите П5+1 (САД, Кина, Русија, Франција, Британија и Германија) претставува гаранција за меѓународниот континуитет.

На прашањето во врска со одлуката на САД „Дали оваа одлука ќе предизвика повторно наоружување на земјите во регионот?“ Ердоган одговори:

„САД во Сирија испрати 5 илјади камиони, 2 карго авиони со оружје. Зошто пристигна ова оружје во регионот? Впрочем продолжува натпреварот за наоружување меѓу земјите во регионот кој процес се управува од САД. Во рамките на овој натпревар САД ја занемари чувствителноста на 20 земји во регионот“.

На прашањето „Дали чувствува загриженост од евентуалното излегување од контрола на тензиите меѓу Израел и Иран“ претседателот Ердоган рече:

„Што претставува исфрлањето 50 проектили од страна на Израел на териториите на Сирија? Тоа подразбира провокација со цел да се предизвика војна во регионот“.

На прашањето „Зошто префериравте да соработувате со Русија и Иран, земјите кои што го поддржуваат режимот во Сирија?“ претседателот Ердоган одговори:

„Јас и денес сум против управата на Бешар Асад. Не сум на страната на Бешар Асад. Чекорите што ги фрливме со Русија и Иран се насочени за воспоставување мир за сирискиот народ и продолжуваме со нашите чекори и напори на тоа поле“.

Во освртот на односите меѓу Турција и Велика Британија, претседателот Ердоган рече:

„Продолжуваме со напорите за зголемување на досегашниот обем на трговска размена кој изнесува околу 17 милијарди долари. Како што е познато меѓу Британија и Турција постои добра соработка во сферата на одбранбената индустрија и ние ќе продолжиме со натамошниот развој на истите“.



Слични вести