Источен Ерусалим е главен град на Палестина

Ние сме наследници на светска империја која во текот на 600 годишното постоење делеше правда на три континенти

969946
Источен Ерусалим е главен град на Палестина

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со пренесувањето на амбасадата на САД во Ерусалим рече:

„Ерусалим, особено Источен Ерусалим е главен рад на Палестина. Исламскиот свет така го знае тоа.“

Во рамките на посетата на Англија, претседателот Ердоган ги прими учениците на фондацијата ТУРКЕН и им се обрати на учесниците.

Во говорот во оваа прилика Ердоган рече дека ние сме наследници на светска империја која во текот на 600 годишното постоење делеше правда на три континенти и седум клими.

Ердоган во продолжение рече:

„Сега се фрла некој чекор. Што е тој чекор? Ерусалим ќе бил главен град на Израел. Светот на чело со САД се подготвува Ерусалим да го признае за главен град на Израел. Без оглед на тоа за што се ќе го признаете овој град, гласањето во врска со статусот на овој град се одржа во ОН и беше извршено се на тоа поле. Ставот на 128 земји беше многу јасен и отворен. Се стекнавте со поддршката не некои таканаречени 7-8 држави. Нема мерка бројот на телефонските разговори што ги одржавте со овие земји. Чекорите што ги фрливте се засноваат врз основа на парите што им ги дадовте за да гласаат спротивно на вистините. Ерусалим, особено Источен Ерусалим е главен град на Палестина. Исламскиот свет така го знае тоа. Ние никого не натеравме да води братска војна поради нафта, злато и дијаманти. Ама некој го направи тоа“ рече Ердоган.



Слични вести