Турција остро ги осуди бомбашките напади во Индонезија

МНР на Турција објави соопштение со кое остро ги осуди бомбашките напади на три цркви во градот Сурабаја во Индонезија во кои животот го загубија 11 лица, а 40 лица беа ранети

969786
Турција остро ги осуди бомбашките напади во Индонезија

Турција остро ги осуди бомбашките напади кои што беа извршени на три цркви во градот Сурабаја во Индонезија и во кои животот го загубија 11 лица, а 40 лица беа ранети.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се изразува сочувство до семејствата на загинатите во нападите, а на ранетите им се посакува побрзо оздравување.

Во соопштението се вели „Остро ги осудуваме крволочните терористички напади“ и се нагласува дека Турција како земја која се наоѓа на мета на терористичките организации ќе продолжи да стои покрај Индонезија во нејзината борба против тероризмот.



Слични вести