„Турско-британските односи поминуваат низ период кога се развива уште повеќе нашата соработка“

Претседателот Ердоган истакна дека односите помеѓу Турција и Обединетото Кралство поминуваат низ период кога се развива уште повеќе, се продлабочува и добива интензитет нашата соработка во секоја сфера

969844
„Турско-британските односи поминуваат низ период кога се развива уште повеќе нашата соработка“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во главниот град на Обединетото Кралство Лондон каде што допатува во официјална посета говореше на затворањето на 7-от Турско-британски форум за дијалог „Татлидил“.

Претседателот Ердоган во својот говор нагласи дека односите помеѓу Турција и Обединетото Кралство располагаат со коренито историско минато од приближно 500 години и рече: „Односите помеѓу Турција и Обединетото Кралство поминуваат низ период кога се развива уште повеќе, се продлабочува и добива интензитет нашата соработка во секоја сфера. Во високото ниво до кое денеска се достигнати нашите односи имаат значајно влијание и референдумите во двете земји кои што се одржаа во блиско време.“

Ердоган потенцира дека Обединетото Кралство ги фрла своите чекори за ставање во примена на одлуката за Брекзит (одделувањето на Обединетото Кралство од Европската унија) која што беше донесена на одржаниот референдум во 2016 година.

Освен тоа Ердоган алудираше на тоа дека и Турција со одржаниот референдум на 16 април 2017 година го одобри новиот систем на управување (претседателскиот систем).

„Едно друго значајно прашање кое што обезбеди уште повеќе приближување во односите на двете земји пак е искрената солидаризација што ја покажа Обединетото Кралство кон Турција по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули 2016 година. Обединетото Кралство по 15 јули покажа дека е вистински пријател.“ - рече Ердоган. 

Подвлекувајќи дека во Турција делуваат повеќе од 3 илјади фирми на Обединетото Кралство, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Не правиме никаква разлика меѓу нашите фирми и фирмите на Обединетото Кралство. Одлучни сме по прашањето на зачувување на интензитетот што го доловивме во економијата и прилагодување кон променливите услови. Оваа состојба во која за 15 години реализиравме инвестиции во износ од приближно 10 милијарди долари ја оценуваме како одраз на довербата кон нашата земја. Нашето партнерство во одбранбената индустрија е најдобриот пример за тоа што се би успеале ние заедно.“

Претседателот Ердоган упати повик до Обединетото Кралство за заедничко производство на високотехнолошките производи.

 



Слични вести