Претседателот Ердоган замина во посета на Обединетото Кралство

Претседателот Ердоган пред да отпатува за Обединетото Кралство даде изјава на аеродромот Ататурк во Истанбул во која се осврна на содржината на оваа негова посета

969584
Претседателот Ердоган замина  во посета на Обединетото Кралство

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утрово замина  во посета на Обединетото Кралство каде што ќе каде што ќе се состане со кралицата Елизабета втора и британската премиерка Тереза Меј, а ќе се состане и со водечките декловни средини и инвеститори во оваа земја.

Пред да отпатува за Лондон претседателот Ердоган даде изјава на аеродромот Ататурк во Истанбул во која се осврна на содржината на оваа негова посета.

Ердоган рече: „И јас минатата година ја примив британската премиерка Тереза Меј со која остваривме мошне продуктивни разговори. Ќе разговараме за регионални и меѓународни случувања. Борбата против тероризмот е едно од приоритетните прашања и за двете земји. Како две гаранторски земји ќе направиме проценка на случувањата на Кипар.“

Нагласувајќи дека Турција му придава посебно значење на развојот на соработката со Обединетото Кралство, претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „Во врска со тоа многу голем придонес има и форумот за дијалог. Ние како Турција и Обединетото Кралство посакуваме нашата економска соработка да продолжи непрестано и по Брекзит (излезот на Обединетото Кралство од Европската унија).“

Ердоган во својата изјава се осврна и на борбата на Турција против тероризмот во врска со што рече: „Оној кој посегнува по нас и ние ќе посегнеме по него, а со оној кој не посегнува по нас и ние немаме никаква работа. Ја продолжуваме борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ. Најдобриот пример за тоа се Африн и Џераблус во Сирија.“

Претседателот Ердоган направи проценка и на преговарачкиот процес помеѓу САД и Турција во однос на решавањето на проблемот што се појави откако САД под изговор дека се води борба против ДЕАШ во подрачјето на Менбич во Сирија ги смести припадниците на ПЈД-ЈПГ, продолжетокот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Потсетувајќи дека САД претходно ветија дека откако ДЕАШ ќе биде поразена терористите припадници на ПКК/ПЈД-ЈПГ ќе го напуштат подрачјето, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ние очекуваме да се одржат дадените ветувања по прашањето на Тел Рифат и Менбич.“

 

 



Слични вести