Во последните реализирани операции се неутрализирани 8 терористи

Во објавеното соопштение од Генералштабот се вели дека во последните операции на Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК се неутрализирани 8 терористи

969174
Во последните реализирани операции се неутрализирани 8 терористи

Во последните операции на Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК се неутрализирани 8 терористи.

Според објавеното соопштение од Генералштабот на Турција, од 6 до 11 мај продолжија операциите на Турските вооружени сили (ТВС) во округот на градот Дијарбакир и во северниот дел на Ирак чија цел беа местата за засолнување и патиштата кои шти ги користат припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК за префрлување во земјата. 

Притоа во операциите се неутрализирани 8 терористи од кои еден од таканаречениот лидерски кадар, а се уништени и 14 експлозивни направи од рачна изработка и 8 наоружени позиции, засолништа и скривници.

Во операциите животот го загуби и еден турски војник. 

Воедно во реализираните контроли во рамките на активностите за воспоставување на пограничната безбедност се фатени и 7.127 лица кои се обидувале незаконски да преминат преку границата.

Во реализираните операции и мерките кои што се преземаат на границата во  рамките на борбата против криумчарењето и опојните дроги како еден од најзначајните финансиски извори на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се запленети 2.110 литри  гориво, 6 кила 3 грама опојна дрога и 17 илјади 100 штеки цигари. 

 



Слични вести