Од Ердоган до средините кои не сакаат силна Турција: „Сакале или неќеле ќе зајакнеме“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на средините кои не сакаат силна Турција им се обрати со следните зборови: „Сакале или неќеле ќе зајакнеме.“

969415
Од Ердоган до средините кои не сакаат силна Турција: „Сакале или неќеле ќе зајакнеме“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на финалната програма на 11-сетите Меѓународни студентски средби УДЕФ кои што се одржаа во Конгресниот центар Халич во Истанбул и притоа обраќајќи им се на средините кои не сакаат силна Турција рече: „Сакале или неќеле ќе зајакнеме.“

Претседателот Ердоган покажа реакција против Франција која ја експлоатира Африка и рече: „Овие Французи во Алжир измасакрираа 5 милиони луѓе. Истото го направија и во Либија.“

Покажувајќи реакција против француските функционери кои во последно време даваат изјави против Турција, Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Ако сте вознемирени од тоа што зајакнуваме, сакале или неќеле ќе зајакнеме. Се додека сте чесни и искрени кон нас и ние сме чесни кон вас. Но доколку не бидете искрени ќе го направиме неопходното.“

Ердоган ги повика африканските земји на заедничко делување против експлоататорските сили и рече: „Нашето овдешно единство и заедништво е нашата најголема сила против оние кои не само што го експлоатирале богатството на земјите кои ги колонијализирале воедно ги дизајнирале според себе и историјата и културата на тие земји. Прегрнете го цврсто Куранот и не запаѓајте во поделби. Кога се сакаме, створениот ќе го сакаме само поради створителот.“

Нагласувајќи дека Франција ги истерува Ромите од земјата, додека Турција ги прегрнува сите луѓе, претседателот Ердоган рече: „Овде е убавината на нашето верување.“

Ердоган напомена дека Обединетите нации (ОН) не можат да изнајдат решение за проблемите на светот и дека затоа постои потреба од реформа.

„Мораме да ги реформираме Обединетите нации (ОН). Постојаните членки не го прифаќаат тоа. Зошто? Нема да ја остават доловената можност. Ние го изнесуваме нашето мислење пред Генералното собрание на ОН и ќе продолжиме да го изнесуваме.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го изнесе и предлогот постојаното членство во Советот за безбедност на ОН да биде ротирачко во врска со што рече: „Зошто Турција да не го доживее (постојаното членство) тоа. Зошто да не го доживеат тоа Јапонија, Германија, Индија, Пакистан. Но нема да го сакаат тоа! Во моментов таму нема ниту една земја чие население е муслиманско. Ние бараме правда. ОН се формирани за тоа, меѓутоа во моментов нема таков приод. Иншаллах можеби не веднаш меѓутоа еден ден ќе видиме дека е исполнето барањето за правда на угнетените во светот. Она што ни се паѓа нам е да ја продолжиме борбата до тој ден.“



Слични вести