Фикри Ишик: Турција мора да биде вклучена во секој развој во регионот во кој се наоѓа

Потпретседателот на владата Фикри Ишик истакна дека Турција и заради сопствената национална безбедност и за регионалниот мир и стабилност мора да биде вклучена во секој развој во регионот во кој се наоѓа

969373
Фикри Ишик: Турција мора да биде вклучена во секој развој во регионот во кој се наоѓа

Потпретседателот на владата Фикри Ишик во градот Коџаели говореше пред претставниците на граѓанските организации и во оваа пригода истакна дека Турција и заради сопствената национална безбедност и за регионалниот мир и стабилност мора да биде вклучена во секој развој во регионот во кој се наоѓа.

Осврнувајќи се на борбата против тероризмот, Ишик напомена дека ПЈД-ЈПГ сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК земајќи ја зад себе и надворешната поддршка сака да формира терористички коридор во регионот.

Фикри Ишик додаде дека терористичката организација ПЈД-ЈПГ и наредбите ги добива од нивните таканаречени лидери од подрачјето на планината Кандил на северот на Ирак.  

Нагласувајќи дека Турција и заради сопствената национална безбедност и за регионалниот мир и стабилност мора да биде вклучена во секој развој во регионот во кој се наоѓа, потпретседателот на владата Фикри Ишик напомена дека тоа претставува најприродно право на Турција и го подвлече следното: „Затоа беа реализирани операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче“.

 



Слични вести