Досега во подрачјето на Африн во Сирија се неутрализирани 4.448 терористи

Според објавеното соопштение од Генералштабот на Турција досега во рамките на операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн во Сирија се неутрализирани 4.448 терористи

969153
Досега во подрачјето на Африн во Сирија се неутрализирани 4.448 терористи

Бројот на неутрализираните терористи од страна на Турските вооружени сили (ТВС) од почетокот на операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн во Сирија досега изнесува 4.448.

Генералштабот на Турција објави соопштение во врска со операцијата Маслиново гранче која што ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС) на 20 јануари а со цел неутрализирање на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и терористичката организација ДЕАШ во подрачјето на Африн во Сирија и спасување на пријателскиот и братски локален народ од притисокот и зулумот на овие терористички организации.

Според соопштението во рамките на операцијата во судирите со припадниците на наведените терористички организации досега животот го загубија 54 турски војници, а 233 војници се повредени.

Во подрачјето на Африн кое на 18 март е ставено под контрола на Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната сириска армија (ССА) исто така продолжуваат и активностите за пребарување и исчистување на теренот од мини и експлозивни направи од рачна изработка. 

Во рамките на операцијата досега се уништени 214 мини и 1.159 експлозивни направи од рачна изработка.

Единиците на Турските вооружени сили (ТВС) исто така ја обезбедуваат и неопходната поддршка по прашањето на доставување на хуманитарната помош која што се  обезбедува од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при владата на Турција АФАД, турската Црвена полумесечина Кизилај и ОН. Согласно овие активности продолжуваат и работите за нормализирање на животот во подрачјето на Африн. 

Во соопштението на Генералштабот се додава дека операцијата Маслиново гранче ќе продолжи со ист елан и иста одлучност се додека не биде неутрализиран и последниот терорист и тоа во рамките на морааните вредности и правилата на меѓународното право, а како што се вели со цел воспоставување на мирот и стабилноста во подрачјето на Африн во Сирија. 

 



Слични вести