Во експлозија во областа Бестлер Дерелер кај Ширнак животот го загуби еден турски војник

Еден турски војник го загуби животот, а еден војник е ранет во експлозија за време на операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа Бестлер Дерелер кај градот Ширнак

968985
Во експлозија во областа Бестлер Дерелер кај Ширнак животот го загуби еден турски војник

Во експлозија на експлозивна направа од рачна изработка поставена на патот од страна на терористите за време на операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа Бестлер Дерелер кај градот Ширнак животот го загуби еден турски војник, а еден војник е ранет.

Според добиени информации од безбедносни извори продолжува операцијата започната од страна на безбедносните сили против терористичката организација ПКК во месноста Сори Тепе во областа Бестлер Дерелер.

За време на активностите за пребарување на теренот дојде до експлозија на експлозивна направа од рачна изработка поставена од страна на терористите и притоа двајца турски војници беа ранети.

Ранетите војници со хеликоптер беа префрлени во Државната болница во градот Ширнак, но и покрај сите напори на лекарите едниот од ранетите војници им подлегна на раните и го загуби животот. 

 



Слични вести