Порака од министерот за ЕУ Омер Челик по повод 9 мај денот на Европа

Министерот за ЕУ Омер Челик во својата порака истакна дека Европската унија (ЕУ) на патот на Турција за полноправно членство треба да презентира приод кој што ќе се потпира на правда, објективност и волја за воспоставување на заедничка иднина

967376
Порака од министерот за ЕУ Омер Челик по повод 9 мај денот на Европа

Министерот за Европска унија (ЕУ) и главен преговарач Омер Челик објави порака по повод 9 мај Денот на Европа во која истакна дека Европската унија (ЕУ) на патот на Турција за полноправно членство треба да презентира приод кој што ќе се потпира на правда, објективност и волја за воспоставување на заедничка иднина.

Челик во својата порака нагласи дека 9 мај е роденден на Европската унија (ЕУ) како еден од најзначајните мировни проекти во историјата на човештвото и напомена дека овој процес кој што започна со Декларацијата на Шуман на денешен ден пред 68 години и конечно евоулираше кон Европска унија (ЕУ) на континентот кој што со векови беше потресена од војни стана повод да пристигнат мирот, просперитетот и стабилноста.

„Европската унија (ЕУ) која го зазеде своето место во политичката историја на светот и како целина од заеднички вредности со нејзините заеднички политики кои влијаат во сите сфери од општествениот живот претставуваше уникатен пример кој што им дава инспирација и на граѓаните на унијата и на меѓународната заедница.“ - рече министерот за Европска унија (ЕУ) и главен преговарач Омер Челик.

Министерот Челик привлече внимание дека меѓутоа кризите кои што се доживуваат во меѓународниот систем во последно време, одделувањето на Велика Британија од ЕУ, разидувањата во ставовите меѓу земјите членки на ЕУ во некои основни политички сфери и случувањата со екстремните десничарски партии кои постепено го зголемуваат својот процент во Европа создаваат дискусии во врска со иднината на ЕУ. Челик воедно подвлече дека миграцискиот бран кон ЕУ станува причина за пораст на непријателството кон странците и непријателството кон исламот во голем број европски земји.

Омер Челик рече: „Колку и да се доживуваат потреси во оваа ситуација се додека застане во одбрана на цврстите и коренити вредности и принципи со кои што располага ЕУ ќе се одбрани од овие потреси.“

Челик укажа на тоа дека прашање кое што Турција настојчиво го нагласува уште од самиот почеток е Унијата да ги напушти предрасудите кои што не му доликуваат на духот на времето и стојат пред напредокот на земјите и да се врати на своте основни вредности.

„Потцртувам дека Европската унија (ЕУ) на патот на Турција за полноправно членство треба да презентира приод кој што ќе се потпира на правичност, објективност и волја за воспоставување на заедничка иднина. По тој повод од се срце им го честитам Денот на Европа на сите граѓани на Република Турција и на сите наши пријатели во ЕУ.“ - рече министерот за Европска унија (ЕУ) и главен преговарач Омер Челик.

 



Слични вести