Порака од Мевлут Чавушоглу по повод 9 мај Денот на Европа

Чавушоглу во својата порака порака по повод 9 мај Денот на Европа истакна дека Турција која географски и историски е европска земја придонесува во безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа

967203
Порака од Мевлут Чавушоглу по повод 9 мај Денот на Европа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу објави порака по повод 9 мај Денот на Европа.

Чавушоглу во својата порака истакна дека Турција која географски и историски е европска земја придонесува во безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа.

Потсетувајќи дека од Декларацијата на Роберт Шуман со датум од 9 мај 1950 година со која беа поставени темелите на проектот за европска интеграција поминаа точно 68 години, Чавушоглу укажа на тоа дека Турција која географски и институционално е дел од Европа во тој правец ги вложува неопходните напори на патот за членство во ЕУ,.

Чавушоглу додаде дека во последните години со жалење и загриженост се согледува како ЕУ почна да се оддалечува од своите сопствени основни вредности.

„Прекумените движења како што се дискриминацијата, непријателството кон странците и антиисламизмот ја ерозираат културата на единство која е разновидна во Унијата и стануваат причина за да се приспитуваат ефикасноста и доверливоста на ЕУ на меѓународен план, која пак инаку сака да стане глобална сила.“ - констатира Чавушоглу и потцрта дека оваа состојба за која што станува збор создава разочараност и загриженост во Европската унија (ЕУ) и цела Европа која ги брани заедничките вредности.

Потсетувајќи декаТурција како земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ) посакува Унијата да ги преброди постоечките предизвици со кои што се соочува, министерот зџа надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Турција во овие рамки е отворена за секој вид искрена и значајна идеја на соработка во правец на нашите заеднички интереси.“



Слични вести