Турција жестоко реагира на францускиот предлог за Куранот

Вице премиерот Беки рБоздаг во порака на Твитер додаде дека да се соберат заедно Саркози и сите непријатели на Исламот никогаш нема да можат да изменат ништо од Куранот

965601
Турција жестоко реагира на францускиот предлог за Куранот

300 француски писатели и политичари меѓу кои и поранешниот француски претседател Никола Саркози предизвикаа жестока реакција на Турција.

Под изговор дека пропагира насилство и антисемитизам тие предложија да се бришат одредени ајети од Курани Ќерим.

Веднаш реагираше портпаролот на Претседателството на Република Турција Ибрахим Калин кој преку Твитер профилот рече: „ Курани Ќерим не е ничија табла за пишување и бришење,туку ќе биде вечен и ќе се чува во оргинална форма се до Судниот ден. Западњаците нека ги преиспитаат сопствените извори. Значи до толку може да се биде неписмен и неук во денешниот современ свет.“

Остро реагираше и вице премиерот Бекир Боздаг кој исто така преку својот Твитер профил рече: 

„Поранешниот француски претседател - заколнатиот непријател на исламот, Саркози, со група од 300 писатели и политичари, со обвинувања дека „се шири непријателство кон Евреите“, побараа да бидат избришани одредени стихови (ајети) од Куранот.

Тоа се најголемите безумници на 21 век. Тоа се варвари и Ебу Џехели на овој век. Тие се западна верзија на ДЕАШ“, порача Боздаг.

Боздаг во порака на Твитер додаде дека да се соберат заедно Саркози и сите непријатели на Исламот никогаш нема да можат да изменат ништо од Куранот, ниту некогаш би можеле да креираат нешто слично на некој од стиховите од Божјата објава.

Реагираше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој рече: „Ете до каде дојде расизмот и антиисламизмот. Ја поминаа црвената линија.Се прашуваме како ќе резултира сето тоа,секако дека ќе има нови напади на џамии во Европа.“

 

 



Слични вести