Реакција од Чавушоглу на тврдењата за можни санкции на САД против Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу реагираше на тврдењата околу тоа дека САД ќе спроведат некои санкции против Турција

964886
Реакција од Чавушоглу на тврдењата за можни санкции на САД против Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал каде што направи проценка на актуелниот дневен ред.

Чавушоглу реагираше на тврдењата околу тоа дека САД ќе спроведат некои санкции против Турција. 

Мевлут Чавушоглу напомена дека откажувањето на продажбата на воениот авион од типот Ф-35 на Турција ќе биде неприфатливо и ги предупреди САД со следните зборови: „Ќе добијат одговор од Турција. Тоа не се вклопува со сојузништвото.“ 

Чавушоглу истакна дека идната недела ќе замине за САД каде што ќе се состане со државниот секретар Мајк Помпео.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде значајни изјави и по прашањето на безвизното патување за Русија во врска со што рече:

„Русите предложија оваа година макар и не целосно да бидат укинати визите за официјалните и службените пасоши. Макар и делумно оваа година визите ќе бидат укинати.“



Слични вести