Претседателот Ердоган го претстави изборниот манифест на својата партија

„Ветувам дека во новиот период Турција ќе се искачи над нивото на современите цивилизации; каматните стапки, инфлацијата и дефицитот на тековната сметка ќе опаднат.“ - рече претседателот Ердоган

965083
Претседателот Ердоган го претстави изборниот манифест на својата партија

Претседателот и лидер на владејачката АК Партија Реџеп Тајјип Ердоган на денешниот шести редовен конгрес на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) во Истанбул што се одржа во спортската сала Синан Ердем го претстави изборниот манифест на својата партија.

Ердоган рече: „Во наредниот период Турција ќе се издигне со доблест, волја и храброст. Ветувам дека во новиот период Турција ќе се искачи над нивото на современите цивилизации; каматните стапки, инфлацијата и дефицитот на тековната сметка ќе опаднат. Во светот во кој се наоѓаме Турција доаѓа во положба на најзначајна сила во регионот во кој се наоѓа. Во новиот период Турција ќе стане глобална сила и предводничка земја“

Претседателот Ердоган напомена дека по изборите со воведување на претседателскиот систем на управување ќе биде ставен во примена нашиот идеал за издигнување и повторен подем со сите негови елементи.

„Со целосна поделба на силите собранието ќе се фокусира на подготвување закони и контрола на владата, владата на ефикасно делување, а независното и самостојно судство на задоволување на правдата.“

„Во овој нов систем во кој демократската политика ќе се институционализира стабилноста ќе биде страјна. Со донесување на брза одлука, навремено делување без задоцнување и ефикасно управување ќе добие интензитет економскиот раст.“

„Поради тоа што со претседателскиот систем на управување националниот доход ќе оствари раст и ќе се распространи на општеството набрзина ќе се намали разликата помеѓу групите со различни примања.“ 

„Секој ќе се стекне со безбедност на својот имот и слобода за бавење со трговија, на посилен начин ќе биде под гаранција на правната држава.“

„Ветувам дека во новиот период Турција ќе се искачи над нивото на современите цивилизации. Ветувам дека каматните стапки, инфлацијата и дефицитот на тековната сметка ќе опаднат. “ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

„Независноста, националниот интерес, националната безбедност и совесниот став ќе продолжат да бидат основни принципи на нашата надворешна политика.“

„Ќе продолжиме да го произведуваме сопственото оружје за да станеме глобална сила. Ќе ги зголемиме нашите вредности во одбранбената индустрија како што е нашиот тенк Алтај, нашиот хеликоптер Атак, нашите беспилотни летала. Наша цел е како Турција да располагаме со сто посто домашни одбранбени системи во секоја сфера, на копно, во воздух, на море.“

„Нашите операција ќе продолжат се додека не остане ниту еден терорист од Ајнеларап до Хасеке, оттаму до Синџар и Кандил.“ - рече претседателот и лидер на владејачката АК Партија Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести