Кај Киркларели фатени 37 бегалци во обид да заминат за Европа

Кај градот Киркларели фатени 37 илегални имигранти кои се обидувале по незаконски патишта да заминат во странство

964988
Кај Киркларели фатени 37 бегалци во обид да заминат за Европа

Според добиени информации, екипите на градската команда на жандармеријата во Киркларели во населените места Демирќој и Кофчаз и на патот за граничниот премин со Бугарија Дереќој  утврдиле 4 одделни групи бегалци кои се подготвувале по незаконски патишта да заминат за Европа.

Притоа во реализираната операција беа фатени 37 бегалци со ирачко, авганистанско, иранско и сириско државјанство.

По реализација на законските процедури во жандармеријата илегалните имигранти беа испратени во Управата за миграција во Киркларели.



Слични вести