Остра реакција од МНР на Турција против тврдењата на Науерт во врска со Африн

Портпаролот на турскоот министерство за надворешни работи Хами Аксој покажа остра реакција против портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт околу тоа дека „на народот од Африн не му се дозволува да се врати назад во своите домови“

964566
Остра реакција од МНР на Турција против тврдењата на Науерт во врска со Африн

Турција покажа остра реакција против тврдењата на портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт околу тоа дека „на народот од Африн не му се дозволува да се врати назад во своите домови“.

Портпаролот на турскоот министерство за надворешни работи Хами Аксој во објавеното писмено соопштение рече: „Оној кој го спречува локалниот народ кој сака да се врати назад во Африн е самата терористичка организација ПЈД/ЈПГ.“

Во соопштението се потцртува дека борбата против тероризмот која што се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн во Сирија се води без да му се наштети на цивилното население.

Велејќи дека тврдењето околу тоа оти хуманитарната состојба во Африн „длабоко загрижува“ е сосема неосновано, портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој рече: „Главен извор на загриженост на северот на Сирија всушност е соработката која што ја продолжуваат со терористите на ПКК/ПЈД/ЈПГ земјите кои ние ги сметаме за наши сојузници.“



Слични вести