Населението од подрачјето на Африн во Сирија продолжува да се враќа назад во своите домови

Во подрачјето каде што продолжува да му се доставува помош во храна и здравствени услуги на народот исто така и Турските вооружени сили (ТВС) уништија 208 мини и 1.129 експлозивни направи од рачна изработка

964367
Населението од подрачјето на Африн во Сирија продолжува да се враќа назад во своите домови

Продолжува враќањето назад во своите домови на жителите од подрачјето на Африн  во Сирија кое од страна на Турските вооружени сили (ТВС) со операцијата Маслиново гранче беше исчистено од терористите.

Во подрачјето каде што продолжува да му се доставува помош во храна и здравствени услуги на народот исто така и Турските вооружени сили (ТВС) уништија 208 мини и 1.129 експлозивни направи од рачна изработка.

Турските војници ги продолжуваат активностите за исчистување на теренот од мини и експлозивни уреди од рачна изработка, со што ги обезбедуваат сите услови и ги преземаат сите неопходни мерки за да се овозможи безбедно враќање назад во своите домови на жителите во подрачјето на Африн.

Освен овие активности за нормализирање на животот во подрачјето на Африн продолжуваат и активностите за доставување хуманитарна помош на локалното цивилно население кои се одвиваат координирано од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при владата на Турција (АФАД), турската Црвена полумесечина Кизилај и ОН.

Во тие рамки од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), турската Црвена полумесечина Кизилај и турските граѓански организации почнувајќи од 19 јануари досега е раздадена хуманитарна помош во вкупно  279 места во подрачјето на Африн во Сирија.

Освен тоа на локалното население му се доставува и помош во храна и хигиенски средства, му се раздава топла храна и со мобилните фурни кои се поставени во подрачјето од страна на Турските вооружени сили (ТВС) се раздаваат дневно по 15 илјади леба.

Со болницата за итна помош во Џиндерес која е отворена од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и болницата во Африн отворена од страна на турското министерство за здравство на народот му се доставува редовна здравствена услуга.

Турските војници ги преземаат сите видови мерки за безбедно враќање назад во своите домови на жителите во подрачјето на Африн каде што се реализираат и активности за исчистување на теренот од мини и експлозивни уреди од рачна изработка.

На населението во подрачјето на Африн во Сирија му се доставува секој вид помош.

На тој начин локалното население кое со години беше подложено на зулумот и притисокот на терористичките организации поради што беше приморено да ги напушти своите домови, сега полека почнува да се враќа назад во своите домови во подрачјето.



Слични вести