Ердоган: Во подрачјето на Африн досега се неутрализирани 4.406 терористи

Претседателот Ердоган истакна дека од почетокот на операцијата Маслиново гранче која што се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на Африн во Сирија се неутрализирани 4.406 терористи

964622
Ердоган: Во подрачјето на Африн досега се неутрализирани 4.406 терористи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим учествуваа на конгресот на женските ограноци на АК Партијата во Кајсери.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода ја нагласи одлучноста во борбата против тероризмот.

Ердоган истакна дека од почетокот на операцијата Маслиново гранче која што се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на Африн во Сирија се неутрализирани 4.406 терористи. 

Обраќајќи и се на меѓународната рејгинт агенција Стандард енд Пурс, Ердоган рече: „Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд Пурс донесува политички одлуки и вели дека назадуваме. И доделува оценка на Турција. зарем тоа е ваше право.“

Премиерот Бинали Јилдирим во говорот што го одржа исто така во оваа пригода рече: „Народот ја презеде ситуацијата во свои раце за да не дојде уште еднаш до настани како оние на 27 мај, 12 март, 12 септември, 28 февруари и 15 јули. Веќе нашето лице го свртивме кон иднината и чекорите кон големи цели. Сега е време да се крене Турција на нозе.“

 



Слични вести