Генерал на армија Хулуси Акар ги продолжува своите разговори во Пакистан

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар ги продолжува своите разговори во Пакистан каде што ги посети и командите на воздушните и поморските сили на оваа земја

964515
Генерал на армија Хулуси Акар ги продолжува своите разговори во Пакистан

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар кој престојува во официјална посета на Пакистан ги посети командите на воздушните и поморските сили на оваа земја.

Генерал на армија Акар за време на овие негови посети беше придружуван од страна на амбасадорот на Турција во Исламабад Ихсан Мустафа Јурдакул.

Генерал на армија Хулуси Акар во командата на воздушните сили беше дочекан со официјална церемонија и се состана со командантот на пакистанските воздушни сили генерал на армија Музахид Енвер Хан.

Средбата се одржа зад затворени врати.

Втора станица на генералот на армија Хулуси Акар во Исламабад беше командата на пакистанските поморски сили каде што беше дочекан со официјална церемонија од страна на командантот на пакистанските поморски сили адмирал Зафер Махмуд Аббаси.

Во објавеното соопштение од командата на пакистанските поморски сили се вели следното: „Генерал на армија Хулуси Акар ги цени напорите кои што командата на пакистанските поморски сили ги вложува за воспоставување на мирот и стабилноста во регионот.“

Во сооппштението исто така се нагласува дека остварената средба е значајна за развојот на соработката помеѓу Турција и Пакистан во сферите на поморството и одбраната.



Слични вести