Во експлозија во Африн во Сирија загина еден турски војник

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили (ТВС) се изразува сочувство за загинатиот 32-во годишен подофицер кој го загуби животот во експлозија на експлозив од рачна изработка во подрачјето на Африн во Сирија

963610
Во експлозија во Африн во Сирија загина еден турски војник

При експлозија на експлозив од рачна изработка за време на активностите за пребарување во рамките на операцијата Маслиново гранче која се спроведува од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на Африн во Сирија животот го загуби еден турски војник.

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили (ТВС) се истакнува следното: 

„На нашиот јунак шехид кој загина во овој напад кој не облеа во длабока болка и тага му посакуваме милост од Аллах и го изразуваме нашето сочувство до неговото семејство , Турските вооружени сили и великиот турски народ.“

Загинатиот турски 32-во годишен подофицер Џемил Еркек беше оженет и имаше две деца. 

 



Слични вести