Турските граѓани во САД ќе можат да гласаат од 9 до 17 јуни

Во САД живеат повеќе од 100 илјади турски гласачи од кои пак најголем број гласачи приближно 38 илјади се наоѓаат во Њујорк и околината

963646
Турските граѓани во САД ќе можат да гласаат од 9 до 17 јуни

Турските граѓани кои живеат во САД за претседателските и парламентарните избори во Турција закажани за 24 јуни, ќе можат да гласаат во периодот од 9 до 17 јуни.

Амбасадата на Турција во Вашингтон објави писмено соопштение по прашањето.

Во соопштението на амбасадата се вели следното: „Високиот изборен совет (ЈСК) ги објави датумите на гласање во нашите дипломатско-конзуларни претставништва за претседателските избори и општите избори за 27-от состав на собранието. Според тоа, нашите граѓани кои се евидентирани во списокот на гласачи во странство на првиот круг од изборите ќе можат да гласаат во периодот од 9 до 17 јуни во текот на 9 дена од 09:00 часот наутро до 21:00 часот навечер. Освен во нашата амбасада во Вашингтон ќе може да се гласа и во нашите генерални конзулати во Бостон, Хјустон, Лос Анџелес, Мајами, Њујорк и Чикаго.“  

Доколку изборите за претседател останат за втор круг пак турските граѓани ќе можат да гласаат во периодот од 30 јуни до 4 јули исто така од 09:00 часот наутро до 21:00 часот навечер.

Како што се наведува во САД живеат повеќе од 100 илјади турски гласачи од кои пак најголем број гласачи приближно 38 илјади се наоѓаат во Њујорк и околината.



Слични вести