Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак во посета на Кина

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак во рамките на својата посета на Кина во Пекинг најпрвин се состана со директорот на Националната администрација за енергија на Кина Нур Бекри, а потоа оствари и низа други средби и разговори

963719
Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак во посета на Кина
berat albayrak cin1.jpg

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак во рамките на своите средби и разговори од посетата на Кина во главниот град Пекинг се состана со претставниците на енергетскиот сектор.

Министерот Албајрак најпрвин се состана со директорот на Националната администрација за енергија на Кина Нур Бекри.

Берат Албајрак и Нур Бекри на средбата постигнаа согласност по прашањето на унапредување на соработката во сферата на енергијата помеѓу двете земји.

Министерот Берат Албајрак потоа го прими високиот раководител на компанијата Чајна Хемикал Инженеринг (China Chemical Engineering) Ген Дајхи, а потоа го прими и извршниот директор ЦЕО’то на компанијата Голдвинг (Goldwing) Пан Јентиен.

По овие приеми, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак ја посети компанијата за инвестирање на електрична енергија на Кина (SPIC) каде што се состана со претседателот на SPIC Минг Џинпинг и со претседателот на Нуклеарната техничка компанија на Кина (SNPTC) Ванг Фингшуе.

Во рамките на разговорите на министерот Албајрак на овие две значајни кинески компании (SPIC и SNPTC) стана збор за прашањето во врска со третата нуклеарна централа за која што се планира да се изгради во Турција.

Потоа министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак се состана со претседателот на Администрацијата за атомски енергии на Кина (CAEA) Ванг Јирен со кого постигнаа согласност по прашањето на соработката во сферите на активностите за истражување и развој, човечките ресурси и образованието.

Берат Албајрак по остварените средби овде, ја посети компанијата Стејт Грид (State Grid), која располага со најголем капацитет на дистрибуирање на електрична енергија во светот, каде што се состана со раководителот на компанијата Шу Џинбао. 

Министерот Берат Албајрак присуствуваше и на церемонијата на потпишување на договорот за добра волја помеѓу фирмата CET во склопот на компанијата Стејт Грид (State Grid) и турската фирма Eltem-Tek A.Ş.

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак последниот ден од посетата на Пекинг го посети и седиштето на Industrial and Commercial Bank of China (ICBC) која е најголемата банка на светот и која во блиско време почна да делува и во Турција.

Овде министерот Берат Албајрак беше пречекан од страна на претседателот на ICBC Ју Хуимиен и во рамките на неговите овдешни средби беше разговарано за прашањата на финансирањето и долгорочната стратешка соработка во енергетските инвестирања во Турција.



Слични вести