Чавушоглу се состана со својот ирачки колега Ибрахим Џафери

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека неговиот ирачки колега Ибрахим Џафери допатува во Турција по повод состанокот на мешовитата економска комисија (КЕК)

963885
Чавушоглу се состана со својот ирачки колега Ибрахим Џафери

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со својот ирачки колега Ибрахим Џафери кој престојува во официјална посета на Турција.

Пред средбата која се одржа во резиденцијата на министерството за надворешни работи во Анкара Чавушоглу изнесе куса проценка и истакна дека неговиот ирачки колега Џафери допатува во Турција по повод состанокот на мешовитата економска комисија (КЕК).

Велејќи дека со Џафери разговараат постојано преку телефон, а се состануваат и за време на меѓународни состаноци, Мевлут Чавушоглу напомена дека освен тоа често остваруваат и обострани посети. Чавушоглу рече дека на овие средби разговараат за билатерални прашања, регионални теми и актуелната ситуација во Ирак и нагласи дека од тој аспект е значајна и оваа посета на Џафери.

Мевлут Чавушоглу воедно ја нагласи желбата и оваа посета да помине продуктивно.

Ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим Џафери потсети дека министерот Чавушоглу постојано е динамичен и потцрта дека му благодари поради тоа што го угости пред да ја започне денешната посета на Бангладеш.

Џафери ја изрази желбата дека средбата што ќе ја остварат ќе биде корисна за елиминирање на присутните тешкотии во односите помеѓу двете земји.



Слични вести