Претседателот Ердоган ја продолжува својата посета на Јужна Кореја

Претседателот Ердоган ги продолжува своите средби и разговори во Јужна Кореја каде што денеска, на вториот ден од својата посета оствари неколку приеми во хотелот во Сеул во кој престојува

963074
Претседателот Ердоган ја продолжува својата посета на Јужна Кореја

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вториот ден од посетата на Јужна Кореја ја прими 73-годишната Еунџа Ким вистинскиот јунак на филмот „Ајла“ кој беше пренесен на белото платно адаптиран од една вистинска животна приказна за време на Корејската војна.

Приемот беше остварен во хотелот во главниот град на Јужна Кореја, Сеул во кој престојува претседателот Ердоган.

Претседателот Ердоган во рамките на својата посета на Јужна Кореја во хотелот во кој престојува се состана и со функционерите на јужнокорејските технолошки компании Hanwha, Daelim и GS.

На приемите кои што беа одделно остварени присуствуваше и министерот за економнија Нихат Зејбекџи.

Освен тоа претседателот Ердоган одржа состанок и со новинарите кои ја следеа неговите остварени посети на Узбекистан и Јужна Кореја и во оваа пригода одговараше на нивните прашања посветени на актуелните случувања.

Претседателот Ердоган ја заокружи својата посета на Јужна Кореја и замина од главниот град на оваа земја Сеул.



Слични вести