Хами Аксој: Со менталитетот на кипарските Грци не може да се постигне федерално решение

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој истакна дека со менталитетот на кипарските Грци не може да се постигне федерално решение на Кипар

963421
Хами Аксој: Со менталитетот на кипарските Грци не може да се постигне федерално решение

Турција очекува од кипарско-грчката управа основна промена на менталитетот  во кипарските преговори.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој на состанокот за информирање на претставниците на печатот во министерството одговараше на прашањата на новинарите.

Притоа на прашањето како се оценуваат изјавите на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи кои што ги изнесе во врска со рамката што ја постави генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес за кипарските преговори, Аксој рече: „Постои преговарачки процес кој што трае веќе 50 години, меѓутоа е дојден во маѓепсан круг и не може да се постигне решение. Ние во овој процес секогаш се обидовме да бидеме конструктивни и еден чекор напред, меѓутоа за жал поради оној познат менталитет на кипарско-грчката страна не можевме да добиеме соодветен резултат.“

Велејќи дека сака да нагласи што нема да се случи, а не што ќе се случи во процесот, портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој го додаде следното: „Се додека не дојде до основна промена во менталитетот на кипарско-грчката страна ние не сакаме да ја играме истата игра. Со менталитетот на кипарските Грци не може да се постигне федерално решение. Сметаме дека веќе треба да се испроба нов пат.“

 



Слични вести