Во Ајдин и Ван фатени 158 илегални имигранти

Во близина на градовите Ајдин и Ван беа фатени 158 илегални имигранти кои влегле во Турција по незаконски патишта и оттука се обидувале да избегаат во странство

962576
Во Ајдин и Ван фатени 158 илегални имигранти

Во градовите Ајдин и Ван фатени 158 илегални имигранти кои влегле во Турција по незаконски патишта.

Во населеното место Дидим кај градот Ајдин беа фатени 103-јца илегални имигранти кои по незаконски патишта се обидувале да преминат во соседна Грција.

Екипите на турската Крајбрежна стража за време на реализираните контроли со беспилотни летала утврдија гумен чамец во морето во близина на ’ртот Текагач кај населеното место Дидим.

Екипите кои беа испратени во областа зедоа 49 бегалци со сириско државјанство од чамецот и ги качија во чамецот на крајбрежната стража..

103 илегални имигранти по реализираните законски процедури беа предадени на Управата за миграција во Ајдин.

Истиот ден и во реализираната операција во центарот на населеното место Дидим кај ргадот Ајдин беа фатени уште 54 бегалци со сириско државјанство кои се обидувале да избегаат во странство.

Во градот Ван пак беа фатени 55 илегални имигранти со странско државјанство за кои било установено дека дошле во земјата по незаконски патишта.

Според објавеното соопштение од жандармериската команда на градот, биле реализирани контроли во населените места Башкале, Геваш и Ѓурпинар.

Во тие рамки во Башкале биле фатени 22-јца бегалци, во Ѓурпинар 22 и во Ѓеваш 11 бегалци за кои било установено дека влегле во земјата по незаконски патишта.

Екипте во врска со случајот приведоа и тројца сомнителни.

Фатените илегални имигранти по реализираните законски процедури беа испратени во Центарот за депортирање при Управата за миграција во градот Ван.



Слични вести