Економскиот и трговски приод на двете земји не се заснова само на профит

Турција беше првата земја која ја призна независноста на Република Узбекистан по одвојувањето

961825
Економскиот и трговски приод на двете земји не се заснова само на профит

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган подвлече дека економските и трговски приоди меѓу Турција и Узбекистан не се засновани само на профит и материјална добивка.

Претседателот Ердоган заедно со узбекистанскиот колега Шевкет Мирзивојев на Турско-узбекистанскиот деловен форум што се одржа под покровителство на Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) во узбекистанскиот ЕКСПО центар им се обрати на турските и узбекистанските бизнисмени.

Ердоган во оваа прилика рече дека Узбекистан е земја која располага со силен земјоделски сектор и индустриски потенцијал на кој се потпира над половина од севкупното население на Централна Азија, богати природни извори, инвеститорски можности и братска земја. Узбекистан е единствена земја која има граници со сите земи во Централна Азија и Авганистан и специфичната географска местоположба претставува значајна предност.

Турција беше првата земја која ја призна независноста на Република Узбекистан по одвојувањето, а исто така продолжи со поддршката на чекорите за консолидација на националната економија и по независноста, подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести