Столтенберг: Турција е земја од клучно значење за НАТО

„За да се разбере значењето на Турција доволно е да се погледне на географската карта“, - рече генералниот секретар на НАТО ЈенсСтолтенберг

961023
Столтенберг: Турција е земја од клучно значење за НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Турција е земја која располага со клучно значење за Алијансата.

Велејќи „За да се разбере значењето на Турција доволно е да се погледне на географската карта“, Столтенберг укажа на стратешкото значење на Турција која е соседна земја на Ирак и Сирија каде што владее насилство кое што пак претставува закана за земјите членки на НАТО.

По минатонеделниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Сојузот Столтенберг се состана со група турски новинари и притоа потсети дека Турција обезбедува инфраструктура за глобалната коалиција која е формирана за пораз на терористичката организација ДЕАШ. 

„Ние сме и благодарни на Турција“, - рече Столтенберг и нагласи дека Турција располага со право за законско следење во согласност со владеењето на правото против оние кои стојат во позадината на обидот за преврат на 15 јули 2016 година, како сериозен и брутален напад.

Повторувајќи дека Турција е земја на НАТО која претрпува најголема штета од тероризмот, Столтенберг рече: „Секако дека Турција располага со право на самоодбрана.“ 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го додаде и следното: „Турција за неколку години ќе стане предводник на Силите за заедничка задача со мошне високо ниво на подготовка и ќе преземе една мошне критична улога во Алијансата. Секако дека и останатите земји сојузнички се свесни за тоа.“



Слични вести