Претседателот Ердоган престојува во посета на Узбекистан

Претседателот Ердоган во претседателската палата Коксарај беше дочекан со официјална церемонија од страна на узбечкиот претседател Шевкет Мирзијоев

961002
Претседателот Ердоган престојува во посета на Узбекистан

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган допатува во главниот град на Узбекистан Ташкент, првата станица од неговата турнеја во чии рамки освен оваа централноазиска држава ќе биде опфатена и Јужна Кореја.

Во чест на претседателот Ердоган во претседателската палата Ќоксарај од страна на узбечкиот претседател Шевкет Мирзијајев беше организирана официјална церемонија.

Претседателот Ердоган во текот на тридневниот престој во Узбекистан има доста интензивна програма.

Во тие рамки двајцата претседатели Ердоган и Мирзијајев по средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори ќе присуствуваат на церемонијата на потпишување на низа договор помеѓу двете земји, а потоа ќе одржат и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе им се обрати на пратениците во узбечкиот парламент и ќе положи венци на спомениците Јасли Ана и на поранешниот узбечки претседател Ислам Керимов.

Потоа двајцата претседатели Ердоган и Мирзијајев ќе учествуваат и на турско-узбечкиот бизнис форум.

Претседателот Ердоган по посетата на Ташкент, утре (вторник) ќе го посети и историскиот град Бухара.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на оваа негова посета е придружуван од страна на неколку министри и голем број бизнисмени.



Слични вести