Ердоган: Спремни сме да ја зајакнеме нашата соработка со Узбекистан

„Турција е подготвена да ја даде секој вид поддршка во овој периодот на повторен подем на Узбекистан. Во овие рамки сме спремни да ја зајакнеме нашата соработка со Узбекистан.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

961538
Ердоган: Спремни сме да ја зајакнеме нашата соработка со Узбекистан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во главниот град на Узбекистан Ташкент, првата станица од неговата турнеја со која освен оваа централноазиска држава ќе биде опфатена и Јужна Кореја, им се обрати на пратениците во узбечкиот парламент.

Ердоган во својот говор велејќи „Во нашата прататковина се чувствуваме како дома“ продолжи со следните зборови: „Денеска ние потпишавме 25 договори и до денеска Узбекистан нема потпишано ваков голем пакет од договори .“

Нагласувајќи дека не можат да се зацртат граници помеѓу срцата, претседателот Ердоган рече: „За оние чии срца се еднакви растојанијата немаат никакво значење. Според нашето верување братството е најдрагоцено богатство. Тоа што Узбекистан повторно се стекна со својата независност исто колку за нашите узбечки браќа беше извор на голема гордост и за турскиот народ.“ 

Ердоган напомена дека Узбекистан со нејзините подземни и надземни богатства располага со берикетни територии и рече: „Од овде може да се вади се. Доволно би било да постои елан кај нас. Турција е подготвена да ја даде секој вид поддршка во овој периодот на повторен подем на Узбекистан. На мојот брат Шевкет Мираманович Мирзијајев (Узбечкиот претседател) уште еднаш му благодарам поради тоа што им обезбеди визна либерализација на турските граѓани.“

Потсетувајќи дека се поминува низ многу турбулентни денови во глобална смисла, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Од се срце посакуваме да завладеат мирот и стабилноста. Во овие рамки сме спремни да ја зајакнеме нашата соработка со Узбекистан.“ 

 

 

 



Слични вести