Турција го повтори својот повик до САД да се откажат од поддршка на терористичките организации

Турското министерство за правда покажа реакција против извештајот за човекови права на американскиот Државен секретаријат

959182
Турција го повтори својот повик до САД да се откажат од поддршка на терористичките организации

Турција го повтори својот повик до САД да се откажат од поддршка на терористичките организации.

Турското министерство за правда покажа реакција против извештајот за човекови права на американскиот Државен секретаријат.

Во објавеното писмено соопштение од министерството се истакнува дека извештајот за кој станува збор е полн со еднострани коментари и им се препорачува на САД да се откажат да бидат безбедно пристаниште за припадниците на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и воедно да бидат снабдувачи и за сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ.

Во соопштението се нагласува дека јазикот и стилот кои што се употребуваат во извештајот ги надминуваат границите на добронамерност и дипломатска учтивост по што се додава следното: „Извештајот освен со материјални грешки е полн со податоци од сомнителни извори, неосновани тврдења, еднострани коментари и субјективни проценки.“  

Во соопштението воедно се нагласува дека САД најпрвин треба да ја преиспитаат сопствената состојба и да стават крај на систематските прекршувања и незаконските применувања.



Слични вести