Турција го осуди вооружениот напад на една црква во Нигерија
Во соопштението на турското министерство за андворешни работи се вели следното: „Го осудуваме овој гнасен напад и го изразуваме нашето сочувство до нигерискиот народ и нигериската влада“

Турција го осуди вооружениот напад на една црква во провинцијата Бенуе во Нигерија.
Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се изразува жалење од големиот број загинати во реализираниот терористички напад на една црква во областа Ајар-Мбалом во провинцијата Бенуе во Нигерија.
Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме овој гнасен напад и го изразуваме нашето сочувство до нигерискиот народ и нигериската влада.“
Во извршениот напад загинаа 15 лица од кои двајца свештеници.
Провинцијата Бенуе во Нигерија каде што е извршен вооружениот напад повремено станува сцена на жестоки судири помеѓу овчарите и земјоделците.
Како последно и во судирите во областа Гума во провинцијата Бенуе пред 5 дена животот го загубија 10 лица.
Слични вести

Директорот за комуникации Алтун оствари средба со азербејџанскиот министер за култура Керимов
Алтун изрази задоволство од зголемувањето на контактите меѓу Азербејџан и Турција во сите полиња