Средба на Чавушоглу со неговиот германски колега Мас во Њујорк

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби во Њујорк во САД за прв пат се состана со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас кој стапи на должност минатиот месец

957895
Средба на Чавушоглу со неговиот германски колега Мас во Њујорк

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги продолжува своите билатерални средби во Њујорк во САД каде што отпатува по повод состанокот на високо ниво на Генералното собрание на ООН.

Во тие рамки Чавушоглу за прв пат се состана со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас кој стапи на должност минатиот месец. 

На средбата помеѓу двајцата шефови на дипломатии освен за билатералните односи помеѓу двете земји стана збор и за сириската криза.

Притоа и двајцата министри беа едногласни во однос на тоа дека во политичкиот процес кон кој се цели за изнаоѓање решение за сириската криза треба да биде вклучена и Турција.

Според веста на германската новинска агенција ДПА, оваа средба од германска страна беше оценета како „добра средба која што помина во конструктивна атмосфера“.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас на средбата ја изрази својата надеж позитивните сигнали кои што се уочуваа во минатите месеци во односите помеѓу двете земји да се преобразат во конструктивни чекори.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека едно од прашањата кои што беа разгледани на остварената средба со Хеико Мас беа и евентуалните предизборни кампањи кои што ќе ги одржат турските пшолитичари во Германија пред предвремените избори во Турција закажани за 24 јуни 2018 година.



Слични вести