Претседателот на турската делегација во ПАСЕ Килич во знак на протест се врати во Турција

Килич го критикуваше одржувањето на конференција во зградата на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) на иницијатива на претседателот на Обединетата европска левица (УЕЛ) и доставената покана до Муслим за учество на оваа конференција

957308
Претседателот на турската делегација во ПАСЕ Килич во знак на протест се врати во Турција

Претседателот на турската делегација во Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) Акиф Чагатај Килич во знак на реакција против поканата како излагач на Салих Муслим поранешниот копретседател на ПЈД, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, одлучи да ги прекине своите активности на седницата на ПАСЕ и да се врати во Турција.

Акиф Чагатај Килич во објавеното писмено соопштение ја осуди поканата доставена до терористичкиот водач Салих Муслим на една манифестација во рамките на пролетната сесија на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ).

Килич го критикуваше одржувањето на конференција во зградата на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) на иницијатива на претседателот на групата на Обединетата европска левица (УЕЛ) и доставената покана до Муслим за учество на оваа конференција како излагач.

Конференцијата за која станува збор беше против операцијата Маслиниово гранче на Турција во Сирија во врска со што Претседателот на турската делегација во Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) Акиф Чагатај Килич ја изнесе следната проценка:„Ја осудувам оваа манифестација која е во спротивност со вредностите на Советот на Европа и која е неприфатлива од аспект на стандардите на Советот на Европа.“

Килич во продолжението од своето писмено соопштение го истакна и следното: 

„Во знак на протест против дозволата за одржување на една ваква манифестација и учеството на терористот Салих Муслим на една манифестација под покривот на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) ја напуштам априлската сесија на Парламентарната асамблеја и се враќам во Турција. Некои членови на нашата делагација ќе учествуваат ограничено на останатиот дел од априлската сесија на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) каде што ќе поднесат предлози во врска со еден дел од извештаите кои што ќе бидат усвоени на седницата на Парламентарната асамблеја и во кои ќе се алудира на Турција и ќе ги бранат овие свои предлози.“

 



Слични вести