Помеѓу Турција и Шпанија потпишани договори за соработка во низа сфери

Во присуство на двајцата премиери Бинали Јилдирим и Мариано Рахој беа потпишани договори за соработка помеѓу Турција и Шпанија во инфраструктурата и транспортот и шумарството

957930
Помеѓу Турција и Шпанија потпишани договори за соработка во низа сфери

На покана на шпанскиот премиер Мариано Рахој премиерот Бинали Јилдирим престојува во дводневна посета на Мадрид.

Прва станица на Јилдирим во Мадрид беше дворецот Монклоа.

Овде премиерот Јилдирим најпрвин беше пречекан со официјална церемонија од страна на неговиот шпански колега Мариано Рахој, а потоа двајцата премиери учествуваа на шестиот турско-шпански меѓувладин самит. 

Во рамките на овој самит во присуство на двајцата премиери Јилдирим и Рахој беа потпишани договори за соработка помеѓу Турција и Шпанија во инфраструктурата и транспортот и шумарството. 

Премиерот Бинали Јилдирим пред да замине за Шпанија на аеродромот Есенбога во Анкара одржа конференција за претставниците на печатот на која привлече внимание на значењето на оваа негова посета од економски аспект и рече: „За време на оваа посета ќе потпишеме и неколку договори за уште повеќе унапредување на нашите односи со Шпанија.“

Велејќи дека турско-шпанскиот меѓувладин самит е основан во 2008 година и дека првиот свој состанок го одржа во 2009 година, Бинали Јилдирим потсети дека последниот состанок чиј домаќин беше Турција беше одржан во 2014 година.

Јилдирим се осврна и на тоа дека по повод оваа посета со неговиот шпански колега Мариано Рахој детално ќе бидат разгледани и сегашноста и иднината на турско-шпанските односи и продолжи со следните зборови:

„Обемно ќе бидат разгледани и случувањата во нашите земји и околните земји и ставот на Шпанија и Турција пред овие случувања. Шпанија и Турција се стратешки партнери. Тие истовремено се и сојузнички земји во НАТО. Двете земји кои различните култури и различните идентитети ги разгледуваат во склопот на толеранцијата, воедно во 2005 година ја извршуваа и функцијата копретседатели на Алијансата на цивилизациите. Во тие рамки во периодот кога претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја извршуваше функцијата премиер на Турција беа вложени напори по прашањето на компромисот и зближувањето на различните религии и култури при што беше реализирана една корисна работа.“ 

Потсетувајќи дека по повод посетата детално ќе се разговара и за економски прашања, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Нашата билатерална трговија со Шпанија во 2017 година забележа раст од 19 насто и достигна до приближно 13 милијарди долари. Стотици шпански фирми инвестираат во Турција.“

Јилдирим истакна дека за време на посетата ќе се состане и со претставниците на деловниот свет и ќе биде направена проценка на уште поголем број бизнис можности, а воедно нагласи дека ќе им се обрати и на бизнисмените на бизнис форумот што ќе се одржи во овие рамки.

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека исто така ќе се состане и со шпанскиот крал Филип шести и со претседателката на Претставничкиот Конгрес на Шпанија Ана Пастор, ќе им се обрати на уесниците на Економскиот форум Нуева како еден од угледните тинк-тенк институти на Шпанија, а ќе даде и репортажи за шпанските медиуми.

Укажувајќи на тоа дека поради присутната криза во Сирија Шпанија обезбедува активно учество во воздушно-одбранбениот систем на Турција, Јилдирим ја изнесе следната констатација:

„Шпанија две години како ги распоредува своите ракетио за противвоздушна одбрана во Турција. Така да Шпанија е вистински пријател и сојузник на Турција и земја членка на ЕУ. За уште повеќе унапредување на нашите односи со Шпанија и придаваме големо значење на оваа пооета и по овој повод ќе потпишеме и неколку договори. За време на овие средби и моите другари министри ќе изнајдат можност за детално разгледување на актуелните прашања.“



Слични вести