Ердоган: Во операцијата Маслиново гранче во Африн, Сирија неутрализирани 4.272 терористи

Претседателот Ердоган истакна дека во операцијата Маслиново гранче која што се води од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на Африн во Сирија, досега се неутрализирани 4.272 терористи

957758
Ердоган: Во операцијата Маслиново гранче во Африн, Сирија неутрализирани 4.272 терористи

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на Пратеничката група на својата партија (АК Партија) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Ердоган истакна дека во операцијата Маслиново гранче која што се води од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на Африн во Сирија досега се неутрализирани 4.272 терористи.

Велејќи дека ќе продолжи да се прави она што е неопходно за воспоставување на спокојството на народот, претседателот Ердоган рече: „Ќе го направиме неопходното и во северниот дел на Сирија. Бројот на неутрализираните терористи досега изнесува 4.272. Колку неутрализиравме на северот на Ирак, 353. Колку внатре во границите на земјата, 258. Го продолжуваме нашиот пат без застој.“



Слични вести