Чавушоглу го предупреди својот белгиски колега во однос на ПКК

Чавушоглу го потсети својот белгиски колега Рејндерс во врска со растечките активности на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во неговата земја и го нагласи значењето од водење на ефикасна борба против оваа терористичка организација

957445
Чавушоглу го предупреди својот белгиски колега во однос на ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Њујорк во САД каде што престојува по повод состанокот на високо ниво на Генералното собрание на ООН на тема „Изградба и одржување на мирот“ се состана со белгискиот министер за надворешни работи Дидиер Рејндерс.

Притоа Чавушоглу го потсети својот белгиски колега во врска со растечките активности на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во неговата земја и го нагласи значењето од водење на ефикасна борба против оваа терористичка организација.

На средбата што се одржа во Генералното седиште на ООН присуствуваа и постојаниот претставник на Турција во ОН Феридун Синирлиоглу и турскиот амбасадор во Вашингтон Сердар Килич.

Според добиени информации од дипломатски извори на средбата Мевлут Чавушоглу го информираше својот белгиски колега Рејндерс во врска со операцијата Маслиново гранче што ја води Турција против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во подрачјето на Африн во Сирија.

Освен тоа Чавушоглу привлекувајќи внимание на растечките активности на терористичката организација ПКК во Белгија нагласи дека треба да се води поефикасна борба против оваа терористичка организација.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Њујорк престојува во рамките на состанокот на високо ниво на Генералното собрание на ООН на тема „Изградба и одржување на мирот“ кој се одржува на 24 и 25 април под водство на претседавачот на 72-рото заседание на Генералното собрание на ООН Мирослав Лајчак.

Во овие рамки Чавушоглу ќе говори пред Генералното собрание на ООН во врска со придонесите и приодот на Турција кон активностите на светската организација кон изградбата и одржувањето на мирот.

Освен тоа Мевлут Чавушоглу ќе оствари средба и со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес.



Слични вести