Ердоган ги прими децата од светот

Вие имате многу поинакво место во борбата за подобра иднина

957163
Ердоган ги прими децата од светот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: Се додека го гледам блесокот во очите на децата, расте мојата надеж кон иднината.

По повод 23 април, Денот на националниот суверенитет и Празникот на детето претседателот Ердоган заедно со министерот за национално образование Исмет Јилмаз и делегацијата во негова придружба ги примија децата.

Ердоган на 12 годишниот Фатих Минташ кому по повод Празникот на детето симболично му ја предаде претседателската фотелја му се обрати со зборот „претседателе“.

Во говорот во оваа прилика Ердоган рече: Вие имате многу поинакво место во борбата за подобра иднина. Вие во името на вашите народи ја претставувате динамичната сила на човекот. Вие сте пример на тоа како Турција како потенцијална земја која напредува да стане држава со млада популација.

Целта во претстојниот период е да едуцираме и стасуваме квалификувани луѓе, рече Ердоган потенцирајќи: Вие сте нашите кандидати. Вашиот успех истовремено ќе биде и наш успех. Затоа имаме голема доверба во вас и веруваме дека ќе се гордееме со вашиот успех.

Блесокот во  вашите очи уште повеќе ја зајакнува мојата надеж во иднината, рече Ердоган.



Слични вести