Наскоро помеѓу Хатај и Африн ќе биде отворен новиот Граничен премин Кумлу

Новиот Граничниот премин Кумлу за чија изградбата се добиени сите потребни одобренија се предвидува да почне да функционира за кусо време

955184
Наскоро помеѓу Хатај и Африн ќе биде отворен новиот Граничен премин Кумлу

Донесена одлука граничниот премин чија изградба започна во населеното место Кумлу кај градот Хатај, а со цел полесно доставување на хуманитарната помош од Турција во подрачјето на Африн во Сирија да биде отворен под името Граничен премин Кумлу.

Турција која за исчистување на подрачјето на Африн од терористичките организации на 20 јануари ја започна операцијата Маслиново гранче, од друга страна реализира и активности во правец на развојот на подрачјето.  

Во тие рамки граничниот премин чии работи за изградба започнаа во населеното место Кумлу кај градот Хатај, а со цел да се овозможи полесно одвивање на транспортот помеѓу Хатај и Африн и полесно доставување на хуманитарната помош, ќе биде отворен под името Граничен премин Кумлу.

Граничниот премин за чија изградбата се добиени сите потребни одобренија се предвидува да почне да функционира за кусо време. 

Граничниот премин Кумлу освен тоа што ќе го олесни транспортот помеѓу Хатај и Африн се очекува да придонесе и во зголемувањето на безбедноста и трговските активности во регионот.



Слични вести