Специјалниот претставник на ОН за Сирија Мистура во посета на Турција

Турција по генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг овојпат го дочекува специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура кој допатува на разговори во Анкара

954135
Специјалниот претставник на ОН за Сирија Мистура во посета на Турција

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура допатува во посета на Турција.

Турција по генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг овојпат го дочекува специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура кој допатува на разговори во Анкара.

Мистура најпрвин ќе се состане со подсекретарот на министерството за надворешни работи Умит Јалчин и со помошник подсекретарот седат Онал.

Потоа специјалниот претставник на ОН за Сирија ќе замине за главниот град на Русија Москва, а оттаму ќе го посети главниот град на Иран Техеран.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека ќе оствари средба со специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура.

Според информацијата на новинската агенција РИА добиена од функционери на руското министерство за надворешни работи, Сергеј Лавров ќе се состане со Мистура во петокот.

Информацијата за остварување на оваа средба е потврдена и од страна на портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.



Слични вести