На северот на Ирак неутрализирани 5, кај Сиирт 7, а кај Хатај двајца терористи на ПКК

Во последните реализирани операции од страна на Турксите вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5, во руралното подрачје на градот Сиирт 7, а кај градот Хатај двајца терористи на ПКК

953660
На северот на Ирак неутрализирани 5, кај Сиирт 7, а кај Хатај двајца терористи на ПКК

Во реализирана воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на областа Зап во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во воздушната операција беа уништени и 3 цели кои што биле користени како засолниште од страна на терористите.

Од друга страна операција со поддршка и од воздух беше реализирана против терористичката организација ПКК и на планината Јазлиџа (Херекол) во близина на населеното место Первари кај градот Сиирт.

Во оваа операција во месноста Ајва Тепе беа неутрализирани 7 терористи кои беа утврдени со беспилотни летала. 

Турските вооружени сили (ТВС) реализирааа воздушна операција и врз утврдени терористички цели во подрачјето на планината Аманос кај градот Хатај.

Во операцијата беа убиени двајца терористи.



Слични вести