МНР на Турција: Последниот извештај на ЕУ не е објективен и урамнотежен

Турското министерство за надворешни работи објави писмено соопштение во кое покажа остра реакција на извештајот на Европската комисија за 2018 посветен на Турција

953700
МНР на Турција: Последниот извештај на ЕУ не е објективен и урамнотежен

Турција истакна дека извештајот подготвен од страна на Комисијата на Европската Унија не е објективен и урамнотежен. 

Турското министерство за надворешни работи објави писмено соопштение во кое покажа остра реакција на извештајот на Европската комисија за 2018 посветен на Турција.

Во писменото соопштение на министерството се вели следното: „За жал Европската комисија и во овој нејзин извештај покажа дека не сака да ги разбере тешкотиите во периодот низ кој што поминуваме. И покрај тоа што низа пати и објаснивме Комисијата не можеше да биде објективна и урамнотежена.“

Во соопштението се потсетува дека Турција едновремено води борба против голем број терористички организации, а пред се против ПКК, ДЕАШ и ФЕТО по што се додва следното: „За сериозен недостаток го оценуваме тоа што во извештајот не се алудира на заканата од ФЕТО која изврши подол напад против нашата држава, нашиот парламент и нашиот народ. Во извештајот и покрај тоа што се повторува легитимното право на Турција особено по обидот за преврат на 15 јули кога презеде брзи и пропорционални мерки против овие закани, во поголемиот дел на документот се гледа дека им се одделува место и на невистинити тврдења и обвинувања кои што се изнесуваат од оние добро познати средини... Не е можно да се прифатат оние општи тврдења, обвинувања и коментари кои што се упатуваат против нашата земја.“

Во соопштението на министерството за надворешни работи исто така се нагласува дека мерките кои што ги презема Турција против терористичките организации се во корист и на земјите на ЕУ и се додава следното: „Мерките кои што ги преземаме против терористичките организации во основа освен воспоставување на нашата национална безбедност обезбедуваат непореклив придонес за безбедноста и на земјите на ЕУ. По тој повод сметаме дека е корисно уште еднаш да потсетиме дека ПКК/ПЈД/ЈПГ претставува сериозна закана за јавниот ред и безбедноста и на земјите на ЕУ.“ 

Во соопштението се одделува место и на  последната растечка тензија во Егејот и на ставот на ЕУ по ова прашање во врска со што се вели следното: „Тоа што ЕУ под маската за солидаризација во унијата себе си се оценува како надлежен судија или суд во спорови по прашањето на суверенитетот и притоа се обидува да донесе пресуда, е крајно погрешно и неприфатливо.“

Во соопштението исто така во врска со изјавите кои што се изнесуваат од страна на ЕУ во однос на операцијата Маслиново гранче се укажува на тоа дека оваа операција се оценува како борба против тероризмот која што се реализира со цел елиминирање на заканите против Турција и на основа на нејзиното легитимно право на одбрана. 

Во соопштението се вели и следното: „За постигнување успех во борбата против тероризмот целокупната меѓународна заедница вклучувајќи ја и ЕУ треба да презентираат конзистентен став и треба да се избегнува од правење разлика меѓу терористичките организации.“

Се истакнува дека е забележан објективниот и конструктивен став на Европската комисија по прашањата на дијалогот за визна либерализација меѓу Турција и ЕУ како и ажурирањето на Царинската унија.

Се додава дека Турција го исполнува она што и припаѓа нејзе по овие прашања и се вели: „Претставува недоследност тоа што ЕУ која со вештачки и политички блокади го попречува процесот на пристапување на Турција тврди дека Анкара се оддалечува од ЕУ.“ 

Во соопштението се додава дека извештајот е далеку од  имање разбирање за вистините на Турција и дека затоа не е во служба на својата цел.

 

 



Слични вести