Ердоган: Предвремените претседателски и парламентарни избори ќе се одржат на 24 јуни 2018

Претседателот Ердоган по остварената средба со лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели соопшти дека предвремените претседателски и парламентарни избори ќе се одржат на 24 јуни 2018

954294
Ердоган: Предвремените претседателски и парламентарни избори ќе се одржат на 24 јуни 2018

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган се состана во претседателската палата во Бештепе во Анкара со лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели кој вчера упати повик за одржување на предвремени избори.

По средбата претседателот Ердоган одржа прес-конференција на која нагласи дека со Девлет Бахчели оствариле доста продуктивна средба.

Претседателот Ердоган соопшти дека на 24 јуни ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори.

„Турција по 16 април (референдумот за претседателски и нов систем на управување) сеуште се управува со стариот систем. И покрај тоа што благодарение на компатибилната работа на претседателот и владата на изглед како да нема проблем се појавуваат болестите на стариот систем. Нашиот избор беше да ги стиснеме забите до редовните избори во ноември 2019 година. Меѓутоа како поради прекуграничните операции кои што ги водиме во Сирија така и поради случувањата од историско значење како што се оние во Сирија и во Ирак ја принудија Турција што побро да ги надмине неизвесностите. Поради проблемите со кои што се соочува нашата земја (кон предлогот на Бахчели за предвремени избори) покажавме позитивен приод. Прашањето за одржување на изборите треба што побрзо треба да го извадиме од дневниот ред на нашата земја. Одлучивме изборите да се одржат на 24 јуни 2018. Нека е ајирлија за нашиот народ.“ 

Велејќи дека веднаш ќе биде започнат законскиот процес по ова прашање, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека исто така и Високиот изборен совет (ЈСК) без сомнение веднаш ќе ги започне подготовките за изборите.



Слични вести