Ердоган: Во подрачјето на Африн досега се неутрализирани 4.205 терористи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека бројот на неутрализираните терористи во подрачјето на Африн во Сирија достигна до 4.205

953464
Ердоган: Во подрачјето на Африн досега се неутрализирани 4.205 терористи

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) говореше на состанокот на Пратеничката група на Партијата за правда и развој (АК Партијата) чиј воедно е и претседател.

Претседателот Ердоган се осврна на операцијата Маслиново гранче која што ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС) на 20 јануари со цел неутрализирање на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ во подрачјето на Африн во Сирија и спасување на пријателскиот и братски народ во ова подрачје.

Ердоган истакна дека бројот на досега неутрализираните терористи во подрачјето на Африн во Сирија достигна до 4.205.

Нагласувајќи дека непрестано и со одлучност продолжува борбата против тероризмот, Ердоган рече: „Не и дозволуваме на ПКК ниту да здивме, внатре и надвор во границите. Од 20 јануари почетокот на операцијата Маслиново гранче досега неутрализиравме вкупно 550 терористи на ПКК од кои 209 внатре во границите на земјата и 341 терорист на северот на Ирак. Во операцијата Маслионово гранче до моментов бројот на неутрализираните терористи достигна до 4.205.“

Велејќи дека од друга страна продолжува и борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), претседателот Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови:

„Еден по еден им доаѓа крај на припадниците на ФЕТО внатре во земјата и во странство, членовите на ФЕТО во затворите полагаат сметка пред правдата, оние кои избегаа во странство и внатре во земјата живеат во страв. Се обидуваат да го продолжат својот живот во немир. Судбината на никој од нив нема да биде поразлична од над 80-те членови на ФЕТО кои ги донесовме од странство.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган потенцираше дека нема да биде поразлична и состојбата на челникот на ФЕТО кој е под заштита во САД и го додаде следното: „Кога тогаш ќе го земеме и него. Секој извршил предавство на оваа земја и на овој народ на крајот ќе ја добие казната која што ја заслужува.“



Слични вести