Во последните 10 дена во подрачјето на Агри се неутрализрани 14 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) во реализираните операции во последните 10 дена против припадниците на терористичката организација ПКК во подрачјето на планината Агри во последните 10 дена неутрализираа 14 терористи од кои еден е фатен жив

952125
Во последните 10 дена во подрачјето на Агри се неутрализрани 14 терористи на ПКК

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на планината Агри кои се во тек во последните 10 дена се неутрализирани 14 терористи од кои еден е фатен жив.

Во објавеното соопштение од губернијата на Агри се истакнува дека за време на операцијата на Командата на жандармеријата во градот против припадниците на терористичката организација ПКК во руралното подрачје на планината Агри во населеното место Догубајазит животот го загубија двајца војници.

Во соопштението се вели дека во подрачјето е започната операција од широк обем и се додава следното: „Во реализираната операција се неутрализирани 8 припадници на сепаратистичко-терористичката организација. Во операциите во последните 10 дена во градот се неутрализирани 14 приапдници на сепаратистичко-терористичката организација од кои еден е фатен жив. Операциите продолжуваат без прекин.“

Турските војници последната операција во која учествуваа и хеликоптери во подрачјето ја реализираа на ридско-планински терен кој што делумно е покриен со снег.

Во меѓувреме според последни добиени информации бројот на неутрализираните терористи на ПКК во операциите на планината Агри кои што продолжуваат веќе 11 дена се зголеми на 16.

Операциите во подрачјето продолжуваат без прекин.

 

 



Слични вести