Ердоган: Ниту една земја освен Турција не му нуди подобра и посигурна иднина на сирискиот народ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека не постои ниту една друга земја освен Турција која му нуди подбра и посигурна иднина на сирискиот народ

952108
Ердоган: Ниту една земја освен Турција не му нуди подобра и посигурна иднина на сирискиот народ

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на конгресот на населбата Ускудар во Истанбул на владејачката АК Партија и во оваа пригода истакна дека не постои ниту една друга земја освен Турција која му нуди подбра и посигурна иднина на сирискиот народ.

Ердоган во својот говор подвлече дека во операцијата Маслиново гранче која ја започнаа Турските виооружени сили (ТВС) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ во подрачјето на Африн во Сирија досега се неутрализирани 4 илјади 163 терористи.

„Ние водиме борба со иста одлученост против терроистичките организации кои се поставуваат пред нас. Моментално бројот на терористите на Терористичката организација ФЕТО кои се донесени од странство изнесува 80. Предавниците на ПКК и ФЕТО полагаат сметка пред правдата.“ - рече претседателот Ердоган.

Нагласувајќи дека Слободната сириска армија (ССА) и Турските вооружени сили (ТВС) војуваат заедно против терористите, претседателот Ердоган рече: „Ги превртуваме наопаку игрите кои што се применуваат во нашиот регион. Не постои никој кој му нуди иднина на сирискиот народ, освен Турција. Во Сирија треба да се формираат безбедни зони и да се овозможи бегалците да се вратат во своите домови.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека веќе во Сирија не е можно да се фрли ниту еден чекор без Турција и го додаде следното: „Во последниот заеднички напад на САД, Велика Британија и Франција чија цел беа објектите за хемиско оружје на сирискиот режим уште еднаш видовме дека оваа работа не може да се реализира со моментални мерки.“



Слични вести